ЖивотУбави совети
Дали го користите правилниот крем за лице?
Од големо значење за негата на лицето е да го одберете вистинскиот крем за лице кој ќе ја негува и храни вашата кожа. Но, дури и да го знаете вашиот тип на кожа и мислите дека го употребувте соодветниот крем за лице, некои знаци јасно покажуваат дека веднаш треба да го промените.
- Ако шминката во текот на денот „ви се распаѓа“, а инвестирате во квалитетна и долготрајна шминка, веројатно вашиот дневен крем е претежок и вашата кожа не го поднесува.
- Ако често ви се појавуваат ситни акни, а не сте во пубертет, променете го кремот. Дневните креми кои содржат масло може да бидат причина за оваа појава.
- Доколку кожата секогаш ви изгледа суво и збрчкано, сигурно и недостига хидратација. Правете пилинг на секои три дена и одберете крем со хијалорунска киселина.
- Ако лицето ве пецка додека нанесувате крем, веднаш променете го, бидејќи тој не одговара со PH – вредноста на вашата кожа.
- Ги имате ли оние мали бели точки околу очите кои никако не се стискаат и стојат со месеци? Ако ги имате, заменете го вашиот крем со некој полесен и потечен.