ЖивотУбави совети

Подгответе неодоливи домашни чоколадни наполитанки за 30 минути!

Пригответе ги највкусните домашни наполитанки кои со сигурност ќе станат ваш омилен десерт! Време за подготовка: 30 минути.

Потребни состојки:
4 обланди
6 јајца
250гр шеќер
1л млеко
250 гр маргарин
250 гр мелени лешници
2 лажици брашно
180 гр темно чоколадо
1 ванилин шеќер

Состојки за чоколаден прелив: 100 гр маргарин плус 100 гр чоколадо за готвење

Во тенџере на оган ставете 700мл млеко, додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Скршете ги јајцата, белките ставете ги во посебен сад, а жолчките ставете ги во садот заедно со преостанатото млеко. Пополека додадете го брашното и мешајте. За време на непрекинато мешање додадете ги и жолчките во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина тргнете го тенџерето од оган. Скршете ја чоколадата и додадете ја во тенџерето. Потоа додадете ги смелените лешници и мешајте се додека смесата не се соедини. Префрлете ја во длабок сад смесата и оставете ја да се излади. Потоа додадете го маргаринот и матете со миксер додека филот не се соедини.

Започнете со подготовка на чоколадниот прелив. Скршете ја чоколадата на прчиња и ставете ја во сад на пареа. Додадете го маргаринот. Откако состојките ќе се растопат и преливот ќе ја добие посакуваната густина тргнете го садот од оган. На послужавник, со мазната страна надолу, ја ставате првата обланда и ја премачувате со фил. Една врз друга ги редите преостанатите обланди и секоја ја премачкувате со фил. Откако филот ќе се стегне ги сечете посакуваните форми од филуваните обланди. Секоја наполитанка ја потопувате во чоколадниот прелив. Ставете ги во чинија за слушење и попрскајте ги со мелените лешници.

Поврзани статии

Back to top button