Да се има вакво дете е благослов!
Да се има дете е среќа неизмерна, сите знаеме. Дете какво ти е, такво ти е, твое ти е. Го сакаш, го љубиш. Но, да се има умно дете е благослов кој го посакува секој родител, секој пар.
Благословена сум, благословени се родителите на умни и послушни деца. Деца кои погледи читаат, кои од збор се разбираат. Додека повеќето родители не спијат размислувајќи како да пристапат и како правилно да го изведат на прав пат палавото дете, ние со мирните дечиња си посветуваме време на себе си. Уживаме и сами со себе, се надградуваме и среќно заспиваме. Ви признавам, благодетите на родителите со мирни деца се во огромен број. За нас непознато се уценувањето, казнувањето и расправиите. Живееме секојдневно во хармонија. Стресот го лечат умните деца, болката ја намалуваат и животот го олеснуваат. Доаѓајќи дома нервозна и уморна од работа ги здогледувам тие очиња полни разбирање и ми олеснува, главоболката ми поминува.
Среќна сум што го родив вакво поинакво, во времево на хаос и лудило тоа е моето смирение, мојата хармонија, мојата душа и мојот мир. Како моето првенче спремна сум и имам сила да израснам уште пет, а можеби и шест!