Турска пита со пилешко и спанаќ е одлична идеја
Пита на турски начин е одлична идеја за денешниот ручек!
Потребни состојки за тестото: 300гр пченкарно брашно, 200гр маргарин, 1 жолчка, 1 прашок за печиво, 3ла=ици јогурт и малку сол.
Потребни состојки за филот: 250гр варени пилешки гради, 1 јајце, 1 белка од јајце, 20гр маргарин, црн бибер, сол, 80гр кромир, 300гр пармазан, 150мл павлака, 700гр спанаќ и една лажица мешан сув зеленчук.
Приготвување: Од состојките за тестото се замесува помеко тесто и се остава на ладно да отстои. Во меѓувреме спанаќот го миете, го цедите и го сечкате ситно. Потоа го посолувате и го оставате да отстои десетина минути. Сварените пилешки гради се сечкаат ситно на коцки заедно со кромидот и се ставаат на загреано масло да се пропржат. Спанаќот добро исцедете го и додадете го во пилешките гради и кромидот, па додадете ги јајцето, белките, павлаката, пармезанот и црниот бибер и се убаво измешајте.
Половина од тестото се става на добро замастено плехче од 28см и врз него се додава подготвениот фил. Се става во загреана рерна на околу 220 степени и се пече околу 10 минути. Се вади и се додавa останатото тесто одозгора па повторно се пече. На 200 степени уште 20 минути.