ЖивотУбави совети

Кафето е одлично за вашата кожа!

Кога следниот пат ќе си направите турско кафе, не фрлајте го талогот!

Маската и пилингот од овој талог имаат моќ ептен брзо да ја освежат и затегната зрелата и уморна кожа.

За наједноставен пилинг доволно е да ставите малку млака вода во талогот и да измешате добро. Масирајте ја оваа смеса на лицето пет минути а потоа добро исплакнете со топла вода.

Кафето може да го употребувате и за нега на коса. Сварете кафе и оставете го да се излади. Намачкајте ги врвовите на косата со кафето и ставете најлонска ќесичка на главата. Оставете ја маската да делува дваесет минути, а потоа измијте ја косата. Вашата коса ќе биде сјајна. Овој третман не се препорачува за русокоси.

Или направете си маска за лице. Потребни ви се следниве состојки: 2 лажици мелено кафе, 2 лажици какао, лажица мед и три лажици млеко. Ставете ги сите сотојки во блендер и блендирајте се додека не добиете изедначена смеса. Ставете ја амската на чисто лице, оставете ја да отстои 15 минути, па измијте го лицето со топла вода. Оваа маска посебно е добра за оние со сува кожа склона кон иритации.

 

 

Поврзани статии

Back to top button