Вљубете се во овој чудесен остров!
Мауи е втор по фолемина хавајски остров. Визија од зеленило и интензивна природа која вреди да се види и доживее. Бескраен океан со корални гребени, тропски риби, делфини и желки. Недопрената природа го прави овој остров чудесен и привлечен за голем број туристи. Неговата најголема атракција е тропската шума хана, каде што секои три минути врне дожд. Преовладуваат плажи во темно црна боја со вулкански камења и црн песок. Поради тоа и океанот се чини црн. Бамбусот преовладува насекаде, хациенди од бамбус каде ноќе од сечиј двор гори оган и тоа е слика за паметење. Мирна, спокојна и природно ориентална средина. Кој и да престојува таму ги поприма тие карактеристики. Ова е место за соочување со оргиналната природа. Типично за Ману е што за разлика од другите острови на Хаваите, тука луѓето не се обиделе да направат класично туристичко комерцијално место, туку островот е се уште пријателски настроен кон природната убавина. Ако се одлучите да поминете незаборавен одмор токму на овој остров некои работи мора да ги направите. Гледајте изгрејсонце од кратерот Халеакала. Планинарете по патеките од вулканска лава. Пливајте под водопадите. Летајте со параглајдер и гледајте ги делфините во океанот. Јадете ги локалните јадења од хавајската кујна. Посетете ја бамбусовата шума. Пробајте некој од фантастичните коктели. Присуствувајте на локалните свечености на кои се играат традиционални танци.