Убави дестинации

Дестинација од филм која е идеална за летен одмор

Доколку го планирате вашиот летен одмор кон крајот на летотo, а се уште ја немате пронајдено вашата вистинска дестинација, ние имаме еден одличен предлог за кој вреди да размислите!

Грчкиот остров Скопелос нека биде ваша дестинација и нека ги воодушеви сите ваши сетила.

Излегува на Егејско море и се наоѓа меѓу островите Скијатос и Алонизос.

Легендата вели дека Скопелос бил откриен од страна на Стафилос, син на богот Дионис и принцезата Аријадна од Крит. Се смета дека за првпат бил населен во брозненото доба.

Мештаните се занимаваат со одгледување на бадеми, маслинки и винова лоза. Се одгледуваат и кози, па не пропуштајте да го пробате традиционалното сирење.

Што се однесува до туризмот, Скопелос ќе ви понуди прекрасен одмор на плажите на кои ситните камчиња се измешани со песокта, морето е кристално сино, а зимзелените дрва ќе ви понудат одлична сенка. Најпознати плажи на островот се: Кастани, Милиа, Стафилос и Веланио.

Инаку, вредно да се спомене дека Скопелос иако е мал остров е светски познат бидејќи токму таму се снимаше мјузиклот Мама Миа во кој главните улоги ги толкуваа Мерил Стрип и Аманда Зејфрид.

Поврзани статии

Back to top button