Како се однесуваат жените кои се несреќни во врските?
Често се случува некоја жена да сфати дека е несреќна во врската или бракот во кој моментално се наоѓа. Кои се знаците кои откриваат дека една жена не е задоволна од она што моментално го има на љубовен план?
Помалку зборуваат: Кога жената ќе ја намали комуникацијата со партнерот, тоа е јасен знак дека нешто ја мачи.
Брзо пламнуваат: Жената која е насреќна во љубовта, брзо ги губи живците и за секунда може да избувне дури и поради ситници.
Секогаш се уморни: Едно истражување открило дека жените во несреќни бракови страдаат од хроничен умор.
Одбиваат секс: Жените кои не се задоволни од бракот или врската се трудат да избегнат физички контакт со партнерот.
Имаат тајни: Во здрава врска нема место за тајни, а штом се појават значи дека некаде нешто чкрипи.
Губат доверба: Врските и браковите мора да се темелат на меѓусебна доверба, а недостаток од неа значи дека нешто за брзо ќе пукне!
Имаат нови интереси: Ако жената постојано наоѓа начини да не биде дома, без разлика дали станува збор за секојдневно излегување со пријателките или ново хоби, тогаш во таа врска многу нешта не функционираат и жената сака да заборави на проблемите.
Размислуваат само за себе: Жените кои се несреќни во љубовната врска умеат да станат себични. Личните интереси им стануваат ептен важни, а за оние на партнерот воопшто не се грижат.