ЖивотУбави совети

Едноставни трикови за полирање и чистење на сребро

Без разлика дали тоа е во форма на накит или прибор за јадење, среброто секогаш нуди нота на елеганција.  Но, со текот на времето добива одредена темнина и не толку убав слој од црна или зелена боја.

Има еден едноставен трик за полирање и чистење на сребро. Во фолија за готвење завиткајте ги сребрените предмети, секој посебно. Наполнете едно шише со детергент и вода и ставете ги во него. Некое време оставете ги да отстојат а потоа протресете го шишето па извадете ги и од фолијата и измијте ги со ладна вода.

Уште еден трик за полирање и чистење на сребро. Во еден сад ставете вода да зоврие со една лажичка сол. Тргнете го од оганот, додадете го среброто и поросете малку сода бикарбона. Оставете да отстои околу половина час па пребришете го со чиста памучна крпа.

Сјајот на среброто повторно ќе се појави.

 

Поврзани статии

Back to top button