Од насУбави муабети

На почетокот цветаат рози, потоа боцкаат трнчиња…

Додека ве “бркаше”, не му пречело што милувате да се облекувате провокативно, но кога го добил она што го сакал (Вие), одеднаш станал конзервативен и посесивен?

Можеби на прв поглед ви изгледа дека неговите постапки се доказ за неговата љубов, но … тоа воопшто не е точно. На погрешен пат сте! Ако вашиот партенер ги прави долу наведените работи тогаш е време да го промените правечот на движење, оти на сила убавина не бидува.

Кога ќе излезете со пријателите постојано испраќа пораки…Прво ќе го добиете порака “да се забавуваш добро вечерва”, за на тоа да одговорите “Ти благодарам, бакнеж”. Тој е толку сладок! Да, тоа би било слатко доколку тој застане на тоа. Не до крајот на вечерта, дваесетина негови порака, зошто тој решил да ја помининете ноќта со носот заглавен во вашиот телефон.

Ве критикува. Му смета вашиот краток фустан, му смета што сте привлечни и згодни наместо да се гордее што токму тој ве има. Од толку мажи на светот вие сакате неговата рака да ја држите а за возврат добивате закани и уцени.

Што и да му кажете или да побрате од него ви одговара со Да. На зборови е силен, на дела ниаде го нема. Подалеку од таквите мажи!

Кога ќе се скарате и не сакате да му одговорите на повиците бидејќи имате потреба од простор тој врти кај вашите пријателки. Тој е спремен да направи се за да ве добие, се до наредното паѓање во неговите раце тој е најдобриот човек на светот.

 

Поврзани статии

Back to top button