ЖивотУбави совети

За што фантазираат жените?

Една жена може да има бесконечно многу фантазии.

Денеска, ќе ги ставиме на тапет најинтересените фантазии кои една жена може да ги има. И помислата колку би било волшебно еден ден тие да се реалност.

  • Секоја жена посакува да јаде сладолед кој нема да ја дебелее. Убаво би било тој сладолед да согорува калории.
  • Фантазираме за тоа нашите деца секогаш да се мирни и да не плачат за глупости во маркетите каде што има најмногу луѓе.
  • Сакаме да има мидер кој навистина ќе направи спојлерите на половината да исчезнат – засекогаш.
  • Замислуваме колку идеално би било да има лак за нокти кој нема да се лупи со години.
  • Сонуваме да имаме магично стапче кое со еден потег ќе нанеси пудра, коректор, руменило, сенка за очи, маскара, туш, кармин… И наутро, за минутка ќе сме вистински убавици.
  • Фантазираме за тоа да нема лимит на нашите кредитни картички!
  • Замислуваме колку би било совршено ако детергентот кој го рекламираат за најмоќен отстранувач на флеки навистина ги отстрануваше!
  • И најмногу од се сонуваме за тоа еден ден да се разбудиме и да сфатиме дека немаме веќе брчки и бели влакна.

Одам да посонувам…

Ве сака Бела

Поврзани статии

Back to top button