МодаУбави совети
Фустани се носат и во есен!
Иако фустаните се карактеристично парче облека за топлите и летни денови, тоа не значи дека на есен треба да се откажете од нив.
Носејќи фустан со внимателно одбрани хулахопки ќе оддадете впечаток на секогаш средена дама, полна со женственост и самодоверба.
Што се однесува до моделите, оваа есен најактуелните ќе бидат кошула фустаните, оние кои го истакнуваат струкот, а ќе се носат и есенски фустани во црно-бела комбинација и фустани со цветен дезен во загасити нијанси, на црна, сива или црвена основа.
Доколку имате дилема со каков фустан да се подновите, а максимално да го износите наш совет е тој да биде фармерски или црно-бел бидејќи таквите фустани може да ги комбинирате и за денски пригоди, но и за вечерни излегувања.