ДомУбави совети

Есенски декорации за волшебен дом

Есента е посебно годишно време затоа што е најколоритна сезона и време кога природата е обоена во убави и топли нијанси.

Сакаме да ве инспирираме да ја донесете есента во вашиот дом со неколку интересни декорации кои нема да ве чинат многу, а од вашиот простор ќе направат волшебна приказна со боите и мирисите на есента.

  • Тиквите може да ги употребите за есенска декорација. Може да бидат свеќници, украси, може да ги обоите со боја и да одговараат со мебелот, да ги ставите покрај саксиите со цвеќе или пак пред влезната врата.
  • За декорации од салфетки, панделки и траки употребувајте ги зелената, жолтата, портокаловата и црвената боја.
  • Соберете грански со пожолтени лисја и ставете ги на трпезариската маса наместо букет.
  • Иако е рано за грејната сезона, дрвата вметнете ги во домот. Наредете ги покрај каминот или нека имаат функција на столчиња.
  • Додадете плетени корпи и кошници во домот. Преку нив, префрлете некоја карирана или крзнена прекривка.
  • Стаклените садови наполнете ги со овошје, гранки, ореви, лешници, желади, шишарки…
  • Направете венец за на врата од суви лисја, шишарки, бонбони, жолти цветови.
  • Набавете си перничиња во боите на есента, вазни, свеќи со ароми на портокал, лешник или ванила…

Еве и неколку идеи преточени во фотографии за совршен пречек на најубавото годишно време…

Поврзани статии

Back to top button