Некатегоризирано

Кратки кожени здолништа – совршен спој на рок и елеганција

Кога во прашање е есенската гардероба, постои едно парче облека кое мора да го имате, а тоа е коженото здолниште. Уште од сега припремете се за есенските денови кои следуваат. Ваквиот тип на здолништа се доста атрактивни и може да ги комбинирате на многу различни начини.

Можете да ги носите во дневни варијанти со џемпери и кардигани, со кошули, маички и едноставни струкирани блузи. Одлични се за дневни прошетки, а во комбинација со штосна кошула и нагласена шминка идеални се за навечер.

 

Без разлика дали вашето кожено здолништо ќе биде црно, во некоја пастелна нијанса или некоја есенска боја, како окер или маслинесто зелена нема да погрешите.

Моделите на кожени здолништа кои оваа есен ќе бидат доста актуелни се кратки црни здолништа со висок струк и рамен крој, но и асимтеричните модели кои визуелно ја издолжуваат женската фигура.

Поврзани статии

Back to top button