ЖивотУбави совети

Како ќе се постелиш, така ќе те растурат…

Неколку смешни, мудри и интересни изреки кои се смислени благодарение на секојдневните проблеми. Служат да ви изнудуваат насмевки! 

Фала ти Боже, Господ здравје да ти даде.

Тие твои празни зборови не вредат ништо, покажи се за да ти верувам.

Гладот е најдобар кувар.

Ако жена е именка, тогаш љубовница е заменка.

Не се расправај со будала. Луѓето можеби нема да ја воочат разликата.

Ако сте згрешиле на некој, побарајте прошка уште денес, зошто утре може нема да чувствувате вина.

Денешната медицина е навистина напредната. За секој лек успеваат да пронајдат болест.

Повреди ме со вистината, ама никогаш не ме теши со лагата.

Ако умните се учат на туѓите грешки, дали тоа значи дека треба да се дружиме со будали?

Да беше глупоста болест, до сеа сите ќе бевме умрени.

Ако работата е задоволство, зошто мора да се плати за да се заврши?

За импотентниот маж, гравитацијата е незгодна тема.

За доброто уво, и комарецот е музика.

Зошто би се изложувале на мамурлук. Останете пијани!

Ако не успееш во првиод обид, уништи ги сите докази дека си се обидел.

Подобро малку луд, него малку паметен.

Вистина е дека сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви, но некои од нив стапуваат во брак.

Како ќе се постелиш, така ќе те растурат.

Во овој свет се е релативно, единствено човековата глупост е апсолутна.

Порано жената го чуваше својот невестински фустан за ќерка си, а сега за својата следна венчавка.

Подобро една искрена шлаканица во лице, отколку лицемерен бакнеж.

Досаѓајте на жените се додека не ве остават на мира.

Човекот што се смее кога работите ќе тргнат наопаку, веќе смислил кого да обвини.

Кога подобро ќе размислам подобро е да не мислам. Штом ќе помислам на нешто веднаш се замислувам.

Мрзливост – Би ви објаснил што е ама ме мрзи.

Секоја фамилија треба да има по 3 деца. Ако едниот е гение, другите двајца да можат да го издржуваат.

 

Поврзани статии

Back to top button