Дали брак или разделба?
На голем број врски им доаѓа моментот кога треба да одлучат што понатаму. Оние во долгите врски веројатно знаат за што станува збор. После долго време заедно, време е да се одлучи што понатаму. Дали следува брак или доаѓа до прекин на врската.
Неколку работи кои ги имате во врската ќе ви го дадат правиот одговор.
Планови и соништа за иднината. Во моментот кога сонувате за иднината со вашиот партнер може да откриете многу. Ако се плашите од страв и несигурност, вистинската љубов се уште не е на повидок. Но, ако можете се да замислите јасно, чувствувате неверојатно задоволство и нетрпеливо возбудување тогаш станува збор за длабока љубов. Исто е и со плановите за одмор, патување или обична вечера следниот викенд. Колку се вашите планови посилни толку вашата врска е појака и постабилна.
Размислувања и мисли. И додека можеме да влијаеме врз нашите зборови и постапки, тие мислат нешто сосема поинаку. Ако вашиот партнер е првиот човек што мисли на почетокот или на минатото и без причина го повторува тогаш станува збор за човек заглавен во минатото. Ако мислите ви се за заедничка иднина и не остануваат само мисли и договори на збор, туку делувате тогаш вашето е она вистинското.
Сличности и разлики. Заедничките цели и ставови за светот се многу важни за стабилна љубовна врска. Заедничките интереси треба да ве водат низ животот. Но, различностите се многу важни. Ако вие и вашиот партнер сте различни карактери и можете заедно да формирате совршена целина, ова е нешто многу подлабоко и помоќно.
Секс. Страста и желбата што ја чувствуваме кон нашиот партнер на самиот почеток на врската нема да трае вечно. Вистинската љубов не се крие во фреквенцијата на односите и висината на секс, туку во силните емоции и квалитетот на делото. Нежност, бакнежи и силни чувства кои се будат за време на сексот и кои излегуваат од вас говорат дали водите љубов со вистинска личност.
Позиција на спиење. Местото на кое спиете со вашиот партнер може да открие многу за вашата врска и вашите чувства. Паровите кои спијат испреплетено на еден дел од креветот се многу поблиски од оние кои спијат разделени макар по некој сантиметар еден од друг. Ако се будите прегрнати и доперни тоа вели дека во вашата врска владее се уште моќта на љубовта.
Бакнежи и допири. Бакнежи и прегратки не се резервирани само за тазе врските. Напротив. Овој начин на изразување на емоции ја опишува врската помеѓу партнерите на која било возраст и после многу години заедно. Оние парови кои редовно разменуваат нежност се многу поздрави и во поздрава врска.