ЖивотУбави совети
Бидете невеста како од бајките и дозволете вашиот сон да биде реалност
Секоја девојка сонува да ја има најубавата венчаница на цел свет.
Ако уште како малечко девојче сте замислувале да бидете невеста во огромен фустан, со многу бисери, тул и чипка, не двоумете се. Бидете невеста како од бајките и дозволете вашиот сон да биде реалност.
Ваквиот тип на венчаница обично им стои убаво на сите девојки без разлика на градбата, бидејќи ги прекрива недостатоците и вишокот килограми во долниот дел од телото, а слабите девојки не ги прави да изгледаат анорексично.
Па, погледнете го нашиот избор на венчаници кои ќе ви го одземат здивот! Веруваме дека ќе го пронајдете вашиот модел и боја. Оти венчаницата не секогаш мора да биде бела, нели?