Од насУбави муабети

Замини од таму каде што добиваш помалку од што заслужуваш!

Време е да заминеш од таму каде што си добивал помалку од колку што навистина заслужуваш. Да си простиш што дозволи да влезат духови во твоето срце, љубеше усни кои беа оружје а ти мислеше дека се рози.

Време е да си простиш што никогаш не можеше да сакаш половично. Што се даде на некој кој не знае да ја цени твојата душа и на кој твоите коски му беа претешки.

Време е да се простиш со надежта и со мислата дека може човека друг човек да го промени.

Верувај дека љубовта некаде те чека, потруди се забележи ја. Токму таа вистинската ќе умее да го разбере и да зборува на истиот јазик како твоето срце.

Прости си што дозволи некој невреден да напише спомени, да биде дел од твоето минато, да му се предадеш и да љубиш безусловно.

 

Поврзани статии

Back to top button