Од насУбави муабети

Секој проблем е со причина, од секоја мака се расте или се пропаѓа, се зависи од самите нас!

Штом се вмешате некаде со своите совети и добра намера кога не сте повикани за помош, тогаш веднаш настапуваат неколку работи на сцена…

Делумно ја превземате туѓата карма врз себе си, лекцијата која тој некој морал да ја преживее, научи, да се носи со неа и сам да излезе на крај. Вистина е дека вашите совети можат да бидат добри и корисни, но штом се дадени на поклон, а не се доживеани на своја кожа и не се побарани од вас тие стануваат невредни па дури и за вас говорат како за некој Совршен. Прашање: Дали си совршен и точно знаеш на кого што му е потребно? Уште полошо од горе наведеното е кога ќе одлучите да завршите туѓа работа, обврска или кога ќе решите туѓ проблем, а од вас тоа не е побарано. Со тоа самите си ставате товар врз вашиот грб, се врзувате во преплет за кои не сте планирани и предодредени. Од човека доброволно и самоволно правите паразит кој не е способен да се носи со своите маки и проблеми. Кога се поврзувате со некој човек, со самиот контакт вие ја давате својата енергија, и ја примате неговата. Ние луѓето, така сме створени да комуникациите треба да не развиваат и извишуваат. Но, постојат луѓе чија што енергија може да донесе негативни влијанија, да не оптерети, да ни смета и да не отргне од правиот пат.

Секој човек се наоѓа на свое ниво на развој и привлекува вибрации, информации и луѓе кои му одговараат. Секој проблем е со причина. Од секоја мака се расте или се пропаѓа, се зависи од самите нас, се тоа е само за нас. Не мешајте се каде што не сте повикани, не советувајте, колку и да ви е добронамерна целта. Оти, вината или победата не треба да биде ваша.

 

Поврзани статии

Back to top button