Чајот од цимет има фантастични ефекти, но само ако е подготвен на ваков начин
Сезона е на јадење посилна храна, а чајот со цимет може да ви помогне да не се здебелите.
За да изгубите тежина, треба да ја промените исхраната и да додадете физичка активност. Драстичното слабеење за краток временски период воопшто не е здраво. Процесот на слабеење може да го забрза чајот од цимет кој благотворно делува на топење на вишокот килограми.
Дополнително, за да избегнете прејадување во текот на зимските денови, можете да започнете со консумирање чај од цимет, кој може да го намали зголеменото чувство на глад.
Едно истражување спроведено во 2012 година покажа дека циметот позитивно влијае на зајакнување на имунитетот, го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта, може да ја подобри циркулацијата и да го намали апетитот.
Состојки:
Чаша вода
една лажичка мед
1 стапче цимет
половина исцеден лимон
Ставете го стапчето цимет во водата и почекајте да зоврие. Потоа истурете го исцедениот лимон и додадете мед кога водата малку ќе се олади. За уште поголема ефикасност, можете да додадете ѓумбир или бибер.
Најдобро е да се консумира по една шолја од овој чај на ден наутро.