ЖивотУбави совети

Две салати кои може да заменат оброк – за рамен стомак и тенок струк!

1- Салата од варена пченица

Варената пченица е одличен избор за подготовка на вкусен и хранлив оброк за салата. За да го подготвите овој рецепт, потребно е:

300 грама пченица;
1 и пол шолја сечкан магдонос;
Половина чаша сецкани листови од нане;
1 кромид исечен на коцки или прстени;
1 домат;
Неколку листови зелена салата;
четвртина од чаша сок од лимон;
четвртина од чаша маслиново масло;
Половина лажичка сол;
Малку бибер.

Пченицата измијте ја и варете ја по споменатата постапка додека не омекне, а потоа покријте ја со ладна вода. Кога ќе се излади, исцедете ја пченицата и додадете ги сите останати состојки. Добро измешајте и најдобро е да го оставите да отстои неколку минути за да се соединат и развијат вкусовите.

Оваа салата е одлична како прилог, но и како хранлив и независен оброк.

2. Пченицата како готов оброк за пост

Ти треба:

300 грама варена пченица
1 конзерва туна
100 грама варена пченка
3 домати
сол и црн пипер,
малку маслиново масло
Подготовка: Сварете ја пченицата, процедете ја и изладете ја. Додадете парчиња туна, а потоа домати. Сварете ја пченката, па додадете ја во салатата. Ставете ги зачините и измешајте.

Поврзани статии

Back to top button