ЖивотУбави совети

АКО ИМАТЕ ВИСОК ШЕЌЕР, ВАЖНО Е КОГА ГО ПИЕТЕ КАФЕТО

Кафето може значително да влијае на шеќерот во крвта, дури и ако не е слатко! Еве како да ја избегнете грешката…

Ако го започнувате денот со шолја кафе, не сте сами. Во целиот свет овој пијалок е омилен бидејќи им помага на луѓето побрзо да се разбудат и да се подготват за работа.

Црното кафе има корисен ефект врз телото, особено благодарение на високата содржина на антиоксиданси, па се смета дека го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Сепак, кофеинот може да влијае на скоковите на шеќерот во крвта.

Ризикот е особено важен за луѓето кои веќе имаат дијабетес или, можеби, преддијабетес. Во голема шолја црно кафе, кое денес е се позастапено кај нас, има околу 140 мг кофеин.

Ако го пиете пред појадок, може значително да го зголемите нивото на шеќер. Кај испитаниците кои испиле две шолји кафе, гликозата во крвта скокнала за дури 50 проценти.

Се смета дека главната причина е тоа што кофеинот го блокира аденозинот, протеин кој „му кажува“ на телото колку инсулин треба да ослободи. Исто така, им помага на клетките ефикасно да одговорат на инсулинот, а без него овие функции се оневозможени.

Исто така, кофеинот го зголемува лачењето на хормоните на стрес, како што се кортизол и епинефрин. Тие имаат ефект на зголемување на шеќерот во крвта, така што телото е подготвено да се бори против стресот што го очекува.

За да избегнете ваква реакција, потребно е прво да појадувате со добро избалансирани хранливи материи, па дури потоа да пиете кафе.

Доколку чувствувате дека ви треба топол пијалок на самиот почеток на денот, тоа нека биде чај или кафе без кофеин.

Поврзани статии

Back to top button