Убави вести
Првите импресии на авторот Илиески после вчерашната промоција на книгата „Татко ми, Босфор”
Романот ‘Татко ми, Босфор’ излезе во продажба на 17.10, а вчера од 17 до 19 часот во книжарницата Антолог, авторот Јован Илиески одржа промоција со официјално потпишување на романот.
Јован за вчерашниот ден вели:
Промоцијата, потпишувањето на ‘Татко ми, Босфор’ вчера помина повеќе од очекуваното!
Книгата на вистински и достоинствен начин стигна до рацете на читателите, а јас пресреќен!!
Приказната за Камила Џалал ја предадов во рацете на Антолог, а сепак остана моја, и вчера блесна во цел нејзин сјај.
Ве сакам, очекувајте промоција во Тетово!
Тој е автор на “Душа на парче хартија”, “Кругот на животот”, “Сенки на полноќ”, “Ноќта кога ја напуштив Прага”, “Соба 610” и неговата шеста книга „Татко ми, Босфор” официјално излезе на книжевната сцена и ќе може да ја имате на своите полици.