Не правете ја истата грешка – Многу жени ги учат овие 3 љубовни лекции кога веќе е доцна
Понекогаш е потребно многу време за конечно да разбереме што навистина сакаме од љубовта и кои форми на однесување во врската се прифатливи, а на кои треба веднаш да реагираме.
Ова се љубовните лекции кои жените ги учат предоцна.
1. Не кажувајте „да“ ако навистина сакате да кажете „не“
Во љубовните врски често ја правиме истата грешка – се преправаме. Запомнете дека компромисот не е решение ако ве прави несреќни. Не се согласувајте со работи кои ве прават длабоко несреќни, не се преправајте дека сте среќни ако не сте и не кажувајте да на предлозите на кои инстинктивно сакате да кажете не.
Во секој момент од врската бидете автентични и сами бидејќи само така ќе успеете да ја постигнете вистинската љубовна среќа со партнер кој ќе ја види вашата вистинска личност, а не онаа создадена специјално за него. Кога конечно ќе кажете „не“ на она што ве прави несреќни, вашите вистински желби и потреби излегуваат на површина.
2. Вашата љубов не може да го промени мажот
Додека тој самиот не стане свесен за потребата од промена, нема таква љубов (колку и да е силна) што ќе го натера да се промени. Промените можеби се условени од надворешни фактори, но тие всушност доаѓаат одвнатре.
3. Љубомората и посесивноста не се знаци дека ве сака
Многу жени ја доживуваат љубомората и посесивноста како потврда дека мажот навистина се грижи за нив. Малку љубомора е сосема нормално во врската. Меѓутоа, кога мажот постојано ве контролира, сака да го знае секој ваш чекор и движење, ве спречува да комуницирате со другите – ова е знак дека неговата љубомора не е безопасна и здрава.