Реченици кои мажот сака да ги слушне од својата сакана жена!
Како да го запалите огнот на љубовта во неговото срце – 3 реченици кои мажот сака да ги слушне од вас, но ние жените често ги забораваме!
Здравата комуникација во љубовните врски е неопходна за да се развие врската и да цвета љубовта. Многу парови ја занемаруваат важноста да зборуваат за своите чувства. Она што се крие во твоето срце треба да се претвори во зборови – фрази кои можат, како магично стапче, да поттикнат блискост и чувство дека припаѓаш на некој кој навистина те заслужува.
Една од најголемите и најтоксичните заблуди е дека мажите не сакаат да зборуваат за своите емоции. А ним како и на сите им е потребна поддршка, мотивација, охрабрување, изразување љубов…
Дознаваме кои 3 реченици сака да ги слушне мажот од својата сакана жена:
1. “Како се чувствуваш?”
На овој начин покажувате дека ве интересираат неговите чувства, дека се грижите да знаете каква е неговата внатрешна состојба. И од ова следат прашањата – Може ли некако да ти помогнам?; Што можам да направам за да се чувствувате подобро?; Дали сакате да зборувате повеќе за тоа?; Што би ве направило посреќно? Со овие реченици можете да му кажете дека сте тука за него, дека сакате да бидете среќни заедно и дека сте подготвени да слушате.
2. “Те поддржувам!”
Покажете му на партнерот дека го поддржувате на патот кон остварување на неговите соништа. Нагласете дека сте горди на него, дека верувате во неговите способности, дека сте подготвени да го поддржите и помогнете, дека сте неговиот ветер во грбот. Партнерите кои меѓусебно се поддржуваат и се охрабруваат да се развиваат, секако имаат повеќе шанси да останат заедно и да ја усовршат својата врска.
3. “Те сакам!”
Секој сака да слуша дека се посакуван и сакан. Во долгите врски, за жал, оваа потреба да се зборува за емоции и привлечност често опаѓа. Избегнете ја таа грешка и кажете му на партнерот дека е привлечен, разговарајте за вашите емоции, страсти, потреби, желби… На овој начин го подобрувате емотивниот и сексуалниот аспект на вашата врска.