Рецепт за убав ден на Давид Карадачки
Мејкап артистот Давид Карадачки е денешен гостин во рубриката “Рецепт за убав ден”.
Обично денот го започнувам со шолја кафе, со убава енергија и позитивен mindset кои се трудам да ги пренесам на моите клиенти. Мојата професија која се трудам да ја работам со максимална посветеност, позитивниот feedback од задоволните клиенти дополнително ме мотивираат да се трудам да бидам подобар во тоа што го работам. Веднаш се надоврзав на мојата професија која ја работам со многу љубов и на која посветувам најголем дел од денот. И покрај професионалниот ангажман на крајот од денот секогаш одвојувам време за моето семејство и дружба со моите пријатели која се моја безрезервна подршка и без кои не би бил тоа што сум.
Секогаш потрудете се да бидете со позитивни мисли и насмевки колку и денот да ви биде непријатен бидејќи единствено барем мене тоа ме инспирира со ден да бидам подобар како професионално така и лично.