ЖивотУбави совети

Стар кинески трик за привлекување богатство: Секогаш чувајте волку монети во вашиот паричник

Привлекувањето среќа и изобилство е многу интересна тема во фенг шуи уметноста, па со мали промени во секојдневниот живот можеме да станеме побогати и посреќни. Има и мали трикови кои треба да ги практикувате доколку сакате повеќе пари во животот.

Во Кина верувањето во среќните броеви се заснова на тоа како се изговараат. Најсреќниот број се смета за 8, вистински симбол на изобилство, среќа и богатство.

Кинезите го обожаваат бројот 8, па становите на осми кат или автомобилите чии регистарски таблички го содржат тој број ќе се продаваат по повисока цена, бидејќи носат среќа.

Во традиционалната тао култура осум значи целина, практично целиот универзум бидејќи „почива“ во осум правци. Во модерна Кина, зборот за бројот осум се изговара „ба“, што е слично на зборот „фа“, што во слободен превод значи „богато“ или „брзо стекнато богатство“. Значи, оваа бројка е практично симбол на пари.

Во согласност со ова размислување, древното верување ја вклучува идејата дека треба да носите монети во вашиот паричник во мали апоени, чиј збир е осум.

Бидејќи и монетите привлекуваат среќа, секогаш чувајте ги монетите во посебен дел од вашиот паричник, вкупно осум. Подобро е да имате монети од еден, два и пет денари, отколку четири пати по два денари, бидејќи бројот четири не носи многу среќа.

Поврзани статии

Back to top button