Убави вести

Здрава храна за вашата кожа – the_perfect_pink_cosmetics

Време е за нешто слатко, време е за the_perfect_pink_cosmetics.  Козметика со домашно, македонско потекло.

Нивната приказна: Две најдобри другарки со огромни амбиции за бизнис во светот на козметиката. Една од нив со работно искуство во рачна изработка на козметички производи (сапуни, масла, лосиони..) во Америка. Започнуваат во Декември 2020 официјално на Инстаграм како платформа за онлајн продажба. Замислата на нивната козметика е да изгледа примамливо, да има доминантни и весели бои, внимателно одбрани амбалажи, декларации, пакување.. Нивните производи наликуваат на храна па најчесто имаат и такви имиња бидејќи многу често им е поставувано прашањето “Дали е ова храна”, на што соговорниците добиваат одговор, “Да, храна за кожата.”

the_perfect_pink_cosmetics  е рачно создадена, природна козметика, која во својот состав има најголем процент на масла, путери и витамини.

Лосиони за тело, пилинзи за тело, лосиони за раце, путери за тело и стапала, путер купки за туширање, сапуни, балсами за усни. Од останатите се разликуваат по големиот и специфичен избор на мириси, млечни и овошни како и изгледот на самите производи и нивниот квалитет. На социјалната мрежа Инстаграм, под името the_perfect_pink_cosmetics се вршат нарачки кои ќе ви бидат доставени до саканата адреса, за само неколку работни дена.

Природен скраб за тело, кој е најголем непријател против поткожните влакна. Достапен во 5 мириси, праска, шумско овошје, лубеница, ванила, боровница чизкејк. Создаден е на база на шеќер, путери, масла и витамини. Овој пилинг ја отстранува секоја нечистотија на вашата кожа, притоа ги отвора кутикулите се со цел влакното да може да расте исправено и да ја спречи појавата на поткожни влакна. 

 

Органски балсами за усни,збогатени со масла, путери и витамини кои ги омекнуваат и хидратираат усните.

Лосион за нега на раце со потхранувачка моќ и совршена формула за негувани дланки. Достапен во 5 мириси: боровница чизкејк, лаванда ментол, кајсија,кокос и чоколадо.

Природен лосион за тело достапен во 4 мириси, со или без светки (шајмер ефект). Идеален за хидратација на кожата и свеж изглед.

Путери за стапала, како и да за сите суви делови од телото. Овој производ има масна текстура и природен состав.

Природна пенлива путер купка за туширање достапна во 5 мириси. При контакт со вода, создава идеално количество на пена која ја чисти вашата кожа, ја хидратира и ја прави нежна и свежа по туширањето. Има пуфнаста текстура која е масна и свиленкаста.

Обрнуваат и посебно внимание и љубов и на самото пакување на производите. Заследете го нивниот Инстаграм профил и нарачајте си уште веднаш козметика со сладок, примамлив мирис и одлична текстура за вас или за вашите најмили. И не заборавајте, негувана кожа е секогаш во мода!

Поврзани статии

Back to top button