Десерт на денот: Рецепт за домашен чоколаден сладолед
Време е за нешто слатко. На брз и лесен начин подгответе вкусен домашен чоколаден сладолед. Потребно време за подготовка околу 30 мин. Во замрзнувач: 60 мин.
Потребни состојки:
4 јајца
6 лажици шеќер
100 гр чоколадо за готвење
4 дл млеко
5 дл слатка павлака
Подготовка:
1. Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во цврстиот снег. Чоколадото растопете го на пареа и изматете ја слатката павлака во цврст шлаг.
2. Во соодветен сад изматете ги жолчките и шеќерот, па додајте ги стопеното чоколадо и млекото.
3. Подготвената смеса со постојано мешање се вари на пареа додека не се згусне. Тргнете го згуснатиот фил од пареата и оставете да се излади.
4. Во изладениот фил се додаваат белките и слатката павлака, па полека се промешува. Готовиот сладолед префрлете го во соодветен сад и ставете го во замрзнувач да се стегне.