ЖивотУбави совети
Рецепт за највкусните здрави чоколадни топчиња
Ако одлучивте да го намалите внесот на шеќер или веганите доаѓаат да ве посетат, ова е рецептот за вас.
Чоколадни топчиња со урми
Состојки:
• 200гр урми
• 120гр путер од кикирики
• 40гр органско какао
• 2 лажички ванила
• 150 гр темно чоколадо
Напомена: Ова е количина за 12 топчиња
Начин на подготовка:
1) Сите состојки се ставаат во сецко и се мелат додека не се добие смеса за тесто
2) Направете 12 топчиња, добро притиснете ги да не се одвојат
3) Во сад на пареа растопете го темното чоколадо и секое топче превртете го во чоколадо.
4) Ставете ги топчињата на хартија за печење, а потоа во фрижидер половина час за да се стегне чоколадото.