Посен десерт: Најсочната торта што сте ја пробале – се прави за половина час
Ова е совршен рецепт за торта за посни денови. Доколку постите и сакате да јадете нешто слатко, еве ја совршената торта која брзо се прави и има оргинален вкус.
Потребно е:
300 мл вода, 150 гр шеќер, 600 гр брашно, една лажица какао, 10 лажици џем, 100 мл масло, две лажички сода бикарбона,
ЗА ПОЛНЕЊЕ: 10 лажици џем. 100гр мелени лешници или ореви
ЗА ПРЕЛИВ: 100 гр чоколадо, 3 лажици масло
Подготовка:
Изматете ги со водата, шеќерот, брашното, какаото, маслото, џемот, содата бикарбона. Половина од тестото истурете го во тава за печење и печете околу 10-15 минути на 200 степени. Извадете го од рерна и прелијте го стопениот џем во кој сте ги ставиле мелените ореви или лешници, па тестото прелијте го врз џемот, но претходно разредете го со 5 лажици вода за полесно да се прелие џемот. Печете уште 30 минути или додека не сте сигурни дека е готово. Истурете ја глазурата.