ЖивотУбави совети

Импресивно: Еве ги сите здравствени придобивки од секојдневно консумирање кромид

Редовното консумирање кромид е поврзано со помал ризик од срцеви заболувања, намалување на нивото на холестерол и понизок крвен притисок благодарение на лековитите фитонутриенти во кромидот.

Кромидот е добар извор:

-диетални влакна

-витамин Ц – важен за имунитет и убава кожа

-витамин Б6 – важен за формирање на црвени крвни зрнца

-фолни киселини – есенцијални за создавање и одржување на нови клетки

-калиум – корисен за крвниот притисок и здравјето на срцето

-манган – важен за здравјето на ткивата и коските

Го спречува и забавува развојот на ракот

Повеќе од 30 антиканцерогени соединенија се откриени во кромидот. Затоа, се смета дека го намалува растот на туморот и штити од слободните радикали. Посебно се препорачува за рак на желудникот, хранопроводникот, цревата и простатата.

Исто така, фолната киселина штити од развој на меланом и тумори на епидермисот, но и од развој на рак на матката, панкреасот, дојката, дебелото црево и желудникот.

Преглед на 16 студии спроведени на 13.333 луѓе, објавени во списанието Molecular Nutrition & Food Research, покажа дека учесниците со најголем внес на кромид имале 15% помал ризик од рак на дебелото црево во споредба со оние со најмал внес.

Закрепнување на синусите

Одличен начин да го запрете и забавите крварењето од носот е да користите кромид. Земете половина од кромидот и ставете го веднаш под носот, а потоа вдишете длабоко.

Кромидот содржи витамин Ц и биофлавоноиди, а овие хранливи материи ги прават нашите ноздри помалку чувствителни на крварење. Можете исто така да ставите половина од кромидот под носот и да вдишете кога имате затнати ноздри. Кромидот ги чисти пасуси во носот и ни го олеснува дишењето.

Спречува депресија и го подобрува расположението

Кромидот содржи фолна киселина, која е витамин Б9, хранлива состојка која помага во спречување на депресија и го подобрува расположението со разградување на аминокиселината хомоцистеин.

Зошто е ова важно? Хомоцистеинот е амино киселина која има потенцијал да има токсичен ефект врз крвните садови, згрутчувањето на крвта и не дозволува вашето тело да произведува хормони за добро расположение. Кромидот е одличен токму затоа што може да ја разложи таа аминокиселина и на тој начин да му помогне на вашиот мозок да добие доволно хранливи материи.

Го регулира шеќерот и штити од дијабетес

Честото консумирање кромид може да биде поврзано со пониски нивоа на гликоза во крвта, без разлика дали се јаде сиров или варен, потврдија студиите.

Кромидот спречува настинки и грип

Тој е силен антисептик и антибиотик богат со витамини А, Б и Ц. Особено е пожелна храна во периодот на настинки и грип поради синергетското дејство на витаминот Ц, кверцетинот и изотиоцијанатот од кромидот.

Здравствениот експерт Лук Кутињо истакнува дека кромидот може да помогне во спречување на настинка, кашлица, високи температури и болки во грлото.

Како?

– Кромидот исечкајте го на парчиња

– Потопете го во вода шест до осум часа.

– Земете три до четири лажици, три пати на ден.

Помага при инфекции на увото

Ушите се еден од најчувствителните органи во телото. Тие можат да не повредат од повеќе причини, како гласна музика или патување со авион. Некои лекари предлагаат употреба на капки за уши за ублажување на болката. Сепак, може да помогне и варениот кромид.

Како?

– Кромидот се вари во вода додека не омекне.

– Ставете го во крпа, а потоа на уво.

 

Поврзани статии

Back to top button