МНТ наградува!
ИЗБУВЛИВИОТ ЧОВЕК – Среда, 06 Април 2022 | 20:00
„Избувливиот човек“ е црна комедија, монодрама,расказ на Антон Павлович Чехов.Режисерот Перо Даниловски на привлечен и аморфен начин го доближува делото на големиот писател кое претставува и негова најголема книжевна отстапка, исчекор од стандардизираните карактери, потчинети на натуралистички порабената руралност. Но сепак, Николас е вивидно апсурден лик со природната номенклатура на колерик. Има своја цел а тоа е дисертацијата за “кучешкиот данок”. Неговото внимание е одвлечено, не и привлечено, од детинестата Варјенка, која се обидува да го набеди на неговата невозвратена љубов кон нејзе.
Двослојната личност пак, Ефтим Ѓаурски ја владее како стих на химна и не само во типологијата на јунгова сенка и нејзината маска, туку и на лицето на актерот, во неговата интонација и телесно држење. Се чинеше како Ѓаурски навистина да дисертира на релација меѓучовечки односи. Низ неговата мимика поминаа и ликот на мајката на Варјенка и ранетиот писател и разноцветните девојки, речиси како да се магентизираа за остроумно отсликаната глума. Ѓаурски наизменично менуваше поларитет, френетично и тактилно, така што успеваше да ја засмее публиката, но и да ја замисли.
Од точка на психоанализер, монодрамата содржеше навестувања за потиснатиот хостилитет на главниот лик, како обидот на Николас да ја сублимира агресијата преку касапство( на секој наплив на бес ја креваше секирата) , затемнувањето на сонцето, компулзивноста да ги подредува шишенцата…
Кулминацијата беше достигната кога полната месечина го покажа образот, долго криен под голтнатите таблетки, кои биле негов штит, бестијалниот танц, координирањето со екстремитетите, поттикна нов бран на возбудување и публиката силно го почувствува обескоскувањето на Николас, но и професионалната телесност на актерот Ѓаурски, кој не се штедеше за да го изведе перформансот до крајната точка на перфекција.