Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Моника Јовановска

Македонката која беше дел од српско реално шоу, Моника Јовановска го споделува својот рецепт за убав ден со читателите на www.ubavo.mk. 

Рецептот за убав ден мене ми започнува со кафе без разлика дали е утринско или попладневно… Вообичаено кафето сакам да го пијам сама и да слушам добра музика, па потоа сум спремна да ги извршувам дневните обврски. Добра шминка, добра гардероба, секогаш да сум средена тоа ме исполнува и е уште еден плус за убав ден. Поголемото време во текот на денот сакам да го поминам со позитивни луѓе и со оние кои ги сакам. Одвојувам време и за да прочитам некоја добра книга и да не заборавам дека и медитацијата е дел што ме исполнува. Какви ви се мислите таков ви е животот, затоа мислете позитивно и живејте добро.

 

Поврзани статии

Back to top button