Овие колагенски топчиња, со само 3 состојки, можете да ги направите за 10 минути
Овие топчиња се прават едноставно, а се навистина вкусни и здрави. Тие содржат амино киселини, антиоксиданси и здрави масти. Покрај сето тоа, содржат и колаген, кој им помага на нашите нокти и коса да бидат здрави и силни. Истражувањата покажаа дека додатоците на колаген ја хидрираат кожата, што доведува до намалување на брчките. И секако, главната состојка – органското какао.
Колагенски колачиња
Состојки:
1/2 стопено темно чоколадо (идеално 80% какао)
1/2 авокадо
1 лажица колаген во прав
1/3 органско какао (по избор)
За прелив: морска сол, кокосови трошки или ореви, по вкус
Начин на подготовка:
1. Чоколадото стопете го во микробранова печка (околу 30 секунди) или на пареа.
2. Блендирајте го авокадото додека не добиете густа смеса.
3. Додадете растопено чоколадо, колаген во прав и блендирајте уште 30 секунди.
4. Смесата се истура во сад и се става во фрижидер 30 минути.
5. После тоа време со лажица се вади смесата и се прават топчиња.
6. Можете да ги тркалате во прелив по желба.
7. Чувајте ги во фрижидер до сервирање.
Пријатно!