Орео бомбици – за кога ќе ви се најават гости (Подготовка: 5 минути)
Овие бомбици може да ги направи секој. Тие се многу лесни за правење и готови за миг. Една од состојките се бисквитите Орео, кои на овие топчиња им даваат посебна арома.
Состојки:
200 грама Орео бисквити
100 грама полномасно крем сирење, (на собна температура)
250 грама темно чоколадо
Подготовка:
Бисквитите ставете ги во блендер и исечкајте ги, па додајте го крем сирењето и сè убаво измешајте. Потоа од смесата со раце направете мали топчиња и наредете ги на мрсна хартија. Ставете ги топчињата во фрижидер половина час.
На крај стопете го чоколадото во микробранова печка – повремено мешајте за да биде целосно мазно. Со вилушка секое топче натопете го во чоколадото, ставете ги на чинија и ставете ги во фрижидер 15 минути. На крајот можете да ги декорирате со бисквитни трошки.
Совет: Овие топчиња се одлични во комбинација и со бело чоколадо.