ЖивотУбави совети

Брз десерт: Торта од само пет состојки

Брауни од само пет состојки… Потребни состојки:
280 гр темно чоколадо
55 гр путер
150 гр шеќер (можете да ставите и две лажици мед)
три јајца
20 гр какао

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и плехот за печење премачкајте го со парче путер. Чоколадото и путерот растопете ги на пареа. Додадете шеќер, па тргнете го од оган и оставете да се излади.

Во друг сад изматете ги јајцата додека не станат како пена, а потоа додадете го какаото во прав и малку сол. Мешајте додека не се соединат состојките, па додадете ја смесата со чоколадо и путер и направете мазна и сјајна смеса.

Смесата се става во плех и се пече 22 до 25 минути. Оставете целосно да се излади, па послужете со овошје, шлаг или прелијте со растопено чоколадо.

Поврзани статии

Back to top button