Сами дома направете чај против кашлица – од две состојки!
За време на респираторни инфекции, покрај медицинските лекови, неопходно е да пиете и домашни чаеви кои ќе ви помогнат да ја исчистите слузта од белите дробови.
Освен пијалок од ѓумбир, лимон и мед, пробајте го овој чај за кој ви подготвивме рецепт.
Двете главни состојки се – ленено семе и мајчина душица!
Чајот од ленено семе и мајчина душица дефинитивно ќе ви помогне да ја разблажите и исфрлите насобраната слуз од белите дробови.
Овој чај делува и при сува и иритирачка кашлица така што ги смирува мукозните мембрани и бронхијалните мускули.
Ленено семе – ефикасна помош за сува и влажна кашлица.
Кога се потопуваат во вода, семките од лен ослободуваат лековита слуз која во контакт со грлото и слузокожата делува смирувачки и ги чисти бронхиите.
Освен тоа, лененото семе е богато со влакна, па дефинитивно ќе ви помогне во варењето, а богато е и со омега-3 масни киселини и манган.
Мајчина душица – природен лек против кашлица
Популарното медитеранско растение мајчина душица долго време се користи за медицински цели, вклучително и за ублажување на кашлица, бронхитис и сите заболувања поврзани со респираторниот систем.
Познато е дека има антибактериско, антимикробно, антифунгално и антиинфламаторно дејство.
Работи така што ги релаксира мускулите на бронхиите. Мајчината душица е ефикасна и при бронхитис и голема кашлица, која често ги погодува децата.
Чај против кашлица – рецепт
Состојки:
3 лажици ленено семе
1 лажица сува мајчина душица
Подготовка:
Во тенџере ставете 3 лажици ленено семе и прелијте ги со половина литар вода. Оставете да се динста околу 10 минути.
Потоа додадете една лажица мајчина душица, тргнете од оган и оставете покриено 20 минути. Процедете го чајот. Пијте неколку пати на ден по една или две голтки.
Чајот секогаш треба да биде млак кога го пиете, никогаш ладен.