Ниедна ќерка не смее да ги слушне овие реченици од својата мајка!
Размислете добро пред да го кажете ова.
Овие реченици речиси сите мајки ги изговараат секојдневно, без воопшто да се свесни за последиците што можат да ги остават.
Преформулирајте ги овие реченици подобро, советуваат психолозите:
Мора да научиш да готвиш
Најголемата грешка е кога мајка и вели на ќерката: „Треба да си фина, пријатна, на сите мора да им се допаѓаш, треба да научиш да готвиш“ Нема ништо лошо во готвењето, но девојката ја памети оваа реченица во главата како : „Ќе ме сака само ако знам да готвам дури и ако сум добра во се друго“. Ако сакате вашата ќерка да биде вешта во кујната, кажете ѝ „ајде да направиме ручек заедно денес“, па кога ќе види како мама ужива во кујната, ќе сака да го научи токму тоа и таа.
Сите мажи сакаат само едно
Девојките никогаш не треба да ја слушнат оваа реченица од својата мајка. Или нешто како „Штом најде подобра, заминува“. Поради овие реченици, девојката ќе порасне верувајќи дека сите мажи се исти и ќе стане повлечена и затворена, затворена за љубов.
Мора да се омажиш
Ако и кажете на вашата 20-годишна ќерка дека мора да се омажи и дека „последниот воз“ е веќе пред неа, размислете двапати. Ако кога била мала сте и кажале што треба да направи за да се омажи, а потоа дека сите мажи се лоши и сакаат само едно, резултатот ќе биде – страв од интимност, љубов и врски.
Ти си иста како татко ти
Создавањето негативна слика за таткото е неприфатливо. Не е важно дали таткото е во семејството или мајката воспитува дете без негово учество, неприфатливо е таткото да се претвори во демон. Не можеш да ѝ кажеш на ќерката дека нејзините маани се наследени од нејзиниот татко. Ако тој беше навистина лош, тогаш мајката треба да го признае својот дел од одговорноста за фактот дека избрала таква личност за татко на своето дете. Тука детето не е виновно, затоа не треба да и го наметнувате тоа како вистина.
Не знаеш ништо
Никогаш не треба да го потценувате или навредувате вашето дете, бидејќи во спротивно ќе му создаде нездрава слика за себе. Нема да порасне со чувство на самозадоволство, самоприфаќање и самољубие. Ова е гаранција за нејзината несреќна иднина.