ЕВЕ ЗОШТО НЕРЕДОТ ВО КУЌАТА ПРЕДИЗВИКУВА НЕСРЕЌА
Нередот се случува во секоја куќа. Тоа не значи дека во него живеат мрзливи луѓе, туку дека тоа е привремена состојба која е условена од недостаток на време или нешто друго. Од друга страна, има куќи во кои нередот е постојана состојба, секојдневие. .
Да, за жал, во некои куќи нередот е постојан. Кога ќе го сфатите тоа, време е да го вклучите алармот, бидејќи куќа во која нема ред секогаш ќе привлекува несреќа и неволја.
Експертите за биоенергија на Фенг Шуи, па дури и психолози тврдат дека нередот во куќата значи неред во главата!
Неред во ходникот
Секогаш треба да започнете со ходникот, бидејќи според правилата на Фенг Шуи, ова е централниот автопат на куќата. На овој пат „гужва“ прават често стари чевли, велосипеди, колички, облека и чадори. Нередот во ходникот значи дека во куќата ќе има постојани кавги, беспарица, а жителите ќе сакаат да „избегнат“ оттука. Ако ги исфрлите ѓубрето, старите чевли, ги складирате соодветно јакните и чадорите, ги поправите велосипедите, ќе и „исчистите пат“ на среќата, а таа ќе може да ви затропа на вратата.
Неред во бањата
Не е ни чудо што велат дека „бањата е лице на жената која живее во куќата“. А ако оваа просторија е валкана, мувла се расфрла по плочките, има расфрлана козметиката, искинати крпи, тоа значи дека кај „домаќинката“ може да се појави комплекс со помала вредност. За жена која има нормална самодоверба, која е задоволна со себе и со својот живот, бањата секогаш ќе блеска. Каква е ситуацијата во бањата наутро, таков ќе ви биде денот.
Тоалет
Колку повеќе неред во тоалетот имаме, толку повеќе скриени тајни во нашите животи. Чист тоалет значи да се ослободите од насобраниот гнев и проблеми во животот.
Неред во кујната
Кујната е извор на изобилство, енергија и благосостојба, таа е срцето на куќата. На крајот, нашата состојба зависи од тоа што јадеме, како и од расположението на човекот кој го подготвил оброкот. Ако кујната е полна со ѓубре, празни тегли, лименки на полиците, немојте да се чудите што не можете да се ослободите од вишокот килограми. Исчистете ја кујната и благосостојбата ќе влезе во вашиот дом. И финансиски и емотивно. Храната треба да се приготвува во чистота, удобност, среде светлина и само така ќе донесе корист, а не штета.
Дневна соба
Оваа соба е лицето на куќата, гостите се добредојдени во неа. Таа е одговорна за комуникација со остатокот од светот, ова е показател за тоа како пријателите и роднините го гледаат вашиот живот. Нередот во дневната соба ќе доведе до кавги, недоразбирања меѓу вас и роднините и пријателите… Ваквите кавги неизбежно доведуваат до осаменост, отуѓеност и бескорисност. Дневната соба треба да ги „привлече“ добрите луѓе во вашиот дом, а среќата со нив. Не претерувајте, тоа може да предизвика конфузија во односите со другите луѓе. Колку повеќе светлина во дневната соба, толку подобро.
Спална соба
Ова е најинтимното место каде се „кова“ вашата лична среќа. Нередот во оваа соба може да доведе до несоница, кавги со саканата личност, проблеми во интимната сфера. Експертите советуваат да се отстрани од спалната соба се што не е директно поврзано со спиењето и сексот. Телевизорот и компјутерот се сосема излишни во оваа просторија. Спалната соба треба да зрачи мир и спокојство.
Грижете се за она што го внесувате во куќата, а особено за она што го чувате со години. Не размислувајте премногу и ослободете се од ѓубрето. Излезете ги од дома оние работи кои со години ги трупате и ве гушат. Чувајте ги спомените во вашата глава, а не во работите.