Остануваат заедно без разлика на се: Ова се најсилните хороскопски љубовни парови
Во некои врски, кавгите и несогласувањата често доведуваат до разделба, но има и такви кои секогаш ќе решат се и нивната врска ќе опстане без разлика на се. Ако и се верува на астрологијата, трите хороскопски пара се посилни од се.
Лав и Вага
Лавот и Вагата пред сè ги врзува пријателството. Лавот ќе биде заштитнички настроен кон Вагата. Притоа, Вагата ќе биде неговиот глас на разумот и советник. Кога Лавот ќе почувствува дека Вагата не му е целосно посветена и дека постои можност да ја изгуби, ќе се обиде да ја имресионира со изненадувања. Нивните кавги се жестоки, но Лавот потоа ќе и даде време на Вагата да размисли и на тој начин ќе се обиде да ја спаси врската.
Девица и Водолија
Девицата и Водолијата имаат различни погледи на светот, но нивната поврзаност ги брише сите разлики. Може да настанат проблеми кога Девицата ќе почне да се жали за нешто. На Водолијата тоа ќе и здодее, па раскинувањето ќе изгледа како најдобро решение. Но, Девицата и Водолијата ќе останат во контакт, па по некое време ќе почнат да си недостигаат. И кога повторно ќе се сретнат, ќе останат заедно засекогаш.
Стрелец и Риби
Кога ќе дојде до недоразбирање меѓу Стрелец и Риби, тие ќе разговараат за тоа и ќе побараат поддршка. Меѓутоа, подоцна тие ќе страдаат еден по друг и ќе се обидат да остварат контакт. На крајот, тие решаваат да си дадат шанса без разлика на се, а нивната врска станува нераскинлива.