Не се работи за ЦИМЕТ: Ова е тајната состојка за совршен СУТЛИЈАШ
Сутлијаш е десерт кој го владееле нашите баби, а рецептот се менувал од колено на колено и секој има по една состојка што ја додава, за ова слатко да има автентичен вкус.
Сите што го сакаат сутлијашот знаат дека се подготвува од вода, ориз, млеко, шеќер и цимет со кој се посипува на крајот за да му се даде специфичен вкус.
Сепак, малку домаќинки знаат дека тајната состојка што го прави сутлијашот феноменален всушност се додава при готвењето.
Тоа е ванилин шеќер, бурбон, кој треба да се додаде пред да се прелива обичниот кристален шеќер во шерпата и смесата.
После тоа, можете да си поиграте со вкусовите по ваш избор – од какао во прав, суво грозје или некоја друга арома, во зависност од тоа каков сутлијаш сакате, но во неговиот рецепт задолжително треба да биде шеќерот од ванила.