ЖивотУбави совети

Триаголници со кисела зелка – за празнична трпеза

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Пржена зелка
1/2 праз
тенки готови кора
кисела вода или 1 лажичка прашок за пециво
масло

Подготовка:
Зелката исечкајте ја како на ренде, а празот ситно. Пропржете ги на масло и додадете бибер. Во садот истурете кисела вода и масло, ако немате кисела вода, млака вода и 1 лажичка прашок за пециво и 2 лажици масло кои треба малку да се додадат при подмачкување.

Премачкајте ја со четка првата кора, врз неа додајте ја втората кора и исечете ја на четири ленти. На дното на секоја лента ставете по една лажица зелка и завиткајте ја во триаголник. Триаголниците се редат во подмачкана тава.

Секој триаголник премачкајте го со вода и масло, посипете со сусам и печете на 200 степени околу 25-40 минути, додека зарумени.

Поврзани статии

Back to top button