Посна торта со чоколадо и бисквити – брза и лесна подготовка
Ова е посно уживање кое ќе го сакаат оние кои не постат.
А за време на постот не треба да се занемари желбата за слатки. Затоа ви претставуваме рецепт за едноставна торта со чоколадо и бисквити, која се подготвува брзо.
Состојки:
- 200 грама посни бисквити
- 200 грама чоколадо за готвење
- 100 грама посен маргарин
- половина чаша млеко од соја или вода (по избор)
- 6 лажици шеќер
- 100 грама печени мелени лешници
- 50 грама кокос
- 2 лажици какао во прав
Подготовка:
Во подлабок сад искршете го бисквитот на поголеми парчиња, додадете ги лешниците и промешајте. Во тавче на тивок оган истурете млеко од соја или вода, маргаринот исечкан на коцки и издробената чоколада за готвење и мешајте додека не се стопат сите состојки.
Кога ќе се стопат состојките се оставаат на оган додека смесата не зоврие. Кога ќе зоврие со смесата прелијте ги бисквитите и лешниците и убаво измешајте ги сите состојки. Потоа смесата за колачот истурете ја во калап или плех и израмнете ја тортата со лажица.
Добро изладете пред да ја исечете и послужите. Кога ќе ја исечете тортата, посипете ја со кокос.