Ослободете се од стресот за само 1 минута: Притиснете ја оваа точка на дланката (ВИДЕО)
Модерното време носи многу стрес, кој за жал може да влијае на здравјето, но и на квалитетот на животот. Доколку не се канализира правилно, стресот може да биде „тригер“ за разни болести.
Затоа е потребно да знаете како да се справите со стресот.
Благодарение на акупресурата, или едноставните допири и притисоци на одредени точки на телото, стресот може да се елиминира во најкус можен рок.
Д-р Шери Аут од Њујорк, која активно се занимава со холистичка пракса, истакнува дека во нашето тело има точки чија што стимулација, односно притискање со прстите, може да има влијание на нервниот систем и одбрана од стрес.
„Стимулацијата на акупунктурната точка испраќа порака до мозокот што ја менува хемијата на мозокот и му кажува на телото да реагира за да го постигне посакуваниот резултат. Акупресурната точка поврзана со стресот може да го поттикне мозокот до пониски нивоа на кортизол, човечки стрес хормон, додека го зголемува допаминот. и нивото на серотонин., нашите хормони на среќата“, објаснува докторот.
Една од таквите точки се наоѓа на рачниот зглоб, поточно на внатрешната страна на подлактицата помеѓу две тетиви, неколку сантиметри над зглобот.
Кога ќе ја пронајдете таа точка, треба да ја притиснете со палецот и да земете длабок здив. Движете го палецот во кружни движења околу десет пати, како што е прикажано на видеото подолу.