Еве во кои ситуации е препорачливо да избегнувате сода бикарбона
Сода бикарбоната е вистински сојузник во домот на многумина. Меѓутоа, во некои ситуации треба да ја избегнуваме.
Дали страдате од киселини во желудникот?
Сода бикарбона е исклучително ефикасен лек во овие ситуации, но не треба да претерувате. Ако често патите од овој проблем, подобро е да се консултирате со лекар.
Чистење
Иако содата бикарбона е одлична за чистење на домаќинството, треба да ја избегнувате на алуминиумски садови, бидејќи може да предизвика несакани ефекти.
Кујна
Сода бикарбоната и прашокот за пециво немаат ист ефект. Двата производи произведуваат јаглерод диоксид под одредени услови, што дава одлична текстура на колачите. Сепак, сода бикарбона реагира со киселини кои веќе се во храната. Од друга страна, прашокот за пециво веќе има киселина во него. Затоа и не се добра замена.
Нега на тело
Сода бикарбоната има многу корисни примени во негата на телото. Меѓутоа, бидејќи е алкална супстанција, не се препорачува при лекување на акни. Имено, содата ја елиминира природната киселина на кожата, што создава поволни услови за нивно ширење.