ЖивотУбави совети
Кои луѓе не смеат да јадат моркови?
Руската докторка, нутриционистката Олга Корабљева откри од што страдаат луѓето на кои не им е дозволено да јадат моркови.
Според неа, овој зеленчук е корисен за кожата, кардиоваскуларниот систем, за време на диета чија цел е намалување на телесната тежина, но е штетен за луѓето кои имаат заболувања на црниот дроб.
„Ако органот не е здрав, не може да усвои каротин. Моркови не смеат да јадат луѓе кои имаат чир на желудникот или цревата, како и оние кои боледуваат од ентеритис, односно имаат воспаление на ѕидовите на тенкото црево.“
Таа советуваше дека при изборот на морков потребно е да се има предвид дека не смее да биде мек и груб и да има флеки и пукнатини, тогаш треба да знаете дека сигурно е расипан внатре.