Направи сам – средтство за бришење прозорци! Оваа комбинација на состојки нема да остави дамки на стаклото по чистењето
Колку пати ви се случило да ги избришете прозорците и да седнете да се одморите, а потоа да ги погледнете и да сфатите дека воопшто не се добро исчистени?
Бришењето прозорци изгледа како едноставна работа, но често се случува, покрај макотрпното и детално бришење, прозорците и понатаму да изгледаат валкано.
Доколку спаѓате во групата на домаќинки кои не поднесуваат бели траги на прозорците, пред да посегнете по друго средство за купување, пробајте домашен рецепт за стаклени површини.
Се што ви треба е дестилирана вода и оцет, кои заедно даваат средство без дамки. Пред прскање, избришете ги прозорците со влажна памучна крпа за да го отстраните првиот слој нечистотија и прашина.
Земете шише со спреј и во него истурете дестилирана вода и оцет во сооднос 1:1, а потоа испрскајте ги прозорците и стаклото.
Не чекајте течноста да се исуши, туку веднаш истријте го стаклото со крпа од микрофибер, а можете да употребите стар трик и да користите весник или кујнска хартија.