Не знаеш што е среќа… Јас сум среќа!
Колку ме познаваш?
Јас сум самотија во тишината.
Жолт лист во маглива есен.
Црвен цвет во мрачно поле.
Мир сокриен длабоко во џебот, кој ги грее твоите раце…
Мелодија сум на радост.
Јас сум шепот во далечината кој едвај доспева до тебе.
Љубовта која ја имам во себе, нежноста со која прегрнувам, силата со која го чувам она што чувствувам дека е мое…сѐ тоа сум! Небо сум со плишани облаци.
Збор кој ќе ја насмее твојата душа.
Допир кој ќе го избрка сиот немир.
И ме гледаш, а твојот поглед поминува низ моето постоење…
Како острици од ладен меч ја распаруваш душава.
Мислиш дека ме познаваш?!
Го познаваш само она што го отфрлаш, затоа што не знаеш како изгледа исполнување.
Не знаеш што е среќа…
Јас сум среќа!
Маја Спасовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk