Рецепт за убав ден на Дарко Мишовски
Во рубриката “Рецепт за убав ден” се дружиме со професионалниот мејкап артист Дарко Мишовски.
Убав ден би ми започнал одприлика вака… за да денот ни биде полн со енергија важно е да имаме убав сон 7/8 часа. Со првото станување веднаш пијам една голема чаша вода за да ја повратам хидрацијата која сум ја изгубил во текот на ноќта, потоа следи кафенце и во последно време практикувам ладен туш, кој навистина расонува побргу дури и од најсилното кафе. Се трудам да се хранам здраво, со храна богата со нутриенти. За појадок овесна каша со јаткасти лодови и овошје, подоцна следи едно кратко истегнување и денот може да започне. Следат работните обврски во HAIRDO, во текот на денот гледам да бидам активен со еден тренинг во теретана, убава прошетка со милениците и кафенце со пријателите… Уште учам да заспивам пред 23часот за да денот и заврши како што треба.